Состојба со коронавирусот во општина Прилеп

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 4 до 11 јануари  2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 4 до 11 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 122 нови случаи на Ковид-19;
  • Од последици на коронавирусот починале 7 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 357; 58 лица се наоѓаат на болничко, 299 на домашно лекување, а 43 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 432 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.383;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 221 лицa.