Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 8 до 14-ти декември, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 8 до 14-ти декември, во општина Прилеп имало 292 нови случаи на Ковид-19;
- Од последици на коронавирусот, починале 16 лица;
- Бројот на активни случаи изнесува 893; 706 лица се наоѓаат на домашно лекување, 102 на болничко, а 85 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 60 пациенти;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.502 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.675;
- Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 167 лицa.