Почитувани граѓани на општина Прилеп,
Ве информираме дека поради светската енергетска криза со која што сите се соочуваме и енормно зголемените цени на електричната енергија, а со крајна цел да не се доведиме во ситуација да бидиме во тотален мрак, како Општина направивме моментална одлука во врска со уличното осветлување.
Во наредниот период делумно ќе исклучиме дел од постоечката електрична инфраструктура во централното градско подрачје на принципот преку-една и тоа исклучиво на места каде што очигледно имаме дури и прекумерно осветлување. Потенцираме дека водиме максимална грижа како за непречено одвивање на сообрајќајот во ноќни услови така и за пешаците и дека со делумното намалување на уличното осветлување нема да биде нарушено нивното движење.
Со почит.
Општина Прилеп.