СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на
РСМ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на
Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање
(Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за комплекс со
намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови,
дробилици, отпади за метал со преси на КП4153, 4154, 4158, 4159 и 4160 КО Варош –
Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по
Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање
(Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси на КП4153, 4154, 4158, 4159 и 4160 КО Варош – Општина Прилеп, со тех.бр.У – 02/1/2022 од септември 2022г. изработен од „ИЗОФАС“ ДОО – Прилеп.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за
урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси на КП4153, 4154, 4158, 4159 и 4160 КО Варош – Општина Прилеп е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси на КП4153, 4154, 4158, 4159 и 4160 КО Варош – Општина Прилеп со тех.бр.Y19722 од јуни 2022г. и Решение за Услови за планирање на просторот со бр.УП1–15 1143/2022 од 17.06.2022г. издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање.
Проектниот опфат е дефиниран по границите на катастарските парцели КП4153, 4154,
4158, 4159 и 4160 КО Варош, општина Прилеп. Координатите на прекршните точки кои ја дефинираат границата на проектниот опфат се дадени во следната табела:

Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 0,47hа.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси на КП4153, 4154, 4158, 4159 и 4160 КО Варош – Општина Прилеп, со тех.бр.У – 02/1/2022 од септември 2022г. изработен од „ИЗОФАС“ ДОО – Прилеп, јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган со става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 23.05.2024 до 07.06.2024година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 8:30 до 15:30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески

Соопштение за јавен увид 47011

синтезен 47011

Анкетен лист за ЈУ 47011