СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЧЛЕН 58 СТАВ(6

Прилеп, 17.09.2024г.
Наш број: 10-1528/3

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ

ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЧЛЕН 58 СТАВ(6) ОД ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ
ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ ОД 10(20)kV ВО КО СТАРО
ЛАГОВО, КО СЕЛЦЕ И КО ПРИЛЕП, ОД НОВОПЛАНИРАНА ТРАФОСТАНИЦА НА
ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА НА КП 1925 КО СЕЛЦЕ, ДО НОВОПЛАНИРАНА
ТРАФОСТАНИЦА НА КП 4/5 КО ВОЛКОВО, ОПШТИНА ПРИЛЕП

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10(20)kV, во КО Старо Лагово, КО Селце и КО Прилеп, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа на КП 1925 КО Селце, до новопланирана трафостаница на КП 4/5 КО Волково, во Општина Прилеп, со тех.бр. 04-02/24 од јуни 2024г. изработен од страна на ЧИП ГРОУП ДООЕЛ СКОПЈЕ.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10(20)kV, во КО Старо Лагово, КО Селце и КО Прилеп, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа на КП 1925 КО Селце, до новопланирана трафостаница на КП 4/5 КО Волково, во Општина Прилеп, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10(20)kV, во КО Старо Лагово, КО Селце и КО Прилеп, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа на КП 1925 КО Селце, до новопланирана трафостаница на КП 4/5 КО Волково, во Општина Прилеп, со бр.Y65722 од јануари 2023г. и Решение за Услови за планирање на просторот со бр.УП1–15 93/2023 од 07.02.2023г. издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатиот дел од проектниот опфат не влегува во друга одобрена планска или планско-проектна документација.
Границите на проектниот опфат се:
• На север и северозапад започнува да се движи низ дел од површината на КП
334/1, КО Старо Лагово, потоа продолжува северно да се движи низ дел од
површината на КП 1915/2 КО Селце, КП 2146/3 КО Селце и КП 4870 КО Прилеп.
Продолжува да се движи североисточно и минува низ дел од површината на КП 2132
ul. „Прилепски Бранители“ бр.1. Prilep tel./ faks.: (0) 48 401 – 720
e-mail: prilep@prilep.gov.mk web: www.prilep.gov.mk
КО Селце. Североисточно минува низ дел од површината на КП 1896, КО Селце и
завршува низ дел од КП 1925 КО Селце (до новопланирана трафостаница).
• На исток се движи низ дел од површината на КП 1896 и низ дел од КП 1925 во
КО Селце (до новопланирана трафостаница).
• На југ и југоисток се движи низ КП 1896 во КО Селце и за југозапад се движи
низ дел од површината на КП 334/1 КО Старо Лагово до западната граница на КП 4/5,
КО Волково.
• На запад границата на проектниот опфат се движи низ дел од површината на
КП 334/1 КО Старо Лагово и завршува до дел од западната граница на КП КП 4/5, КО
Волково.
Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 0,12 hа
(1191.4071 м2)
Периметар: 2384.8143 м’
На Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10(20)kV, во КО Старо Лагово, КО Селце и КО Прилеп, од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа на КП 1925 КО Селце, до новопланирана трафостаница на КП 4/5 КО Волково, во Општина Прилеп, со тех.бр. 04-02/24 од јуни 2024г. изработен од страна на ЧИП ГРОУП ДООЕЛ СКОПЈЕ, јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган со става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 17.09.2024 до 02.10.2024 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 8:30 до 15:30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески

Соопштение за јавен увид 63054

синтезен (2)

Анкетен лист за ЈУ 63054