СООПШТЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЧЛЕН 58 СТАВ(6)

Прилеп, 17.09.2024г.
Наш број: 10-954/4

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20 и 111/23), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ

ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ СОГЛАСНО ЧЛЕН 58 СТАВ(6) ОД ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДБИ – ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ НА СЕЛО ЛЕНИШТА, КО ЛЕНИШТА И КО ПЛЕТВАР, ОПШТИНА ПРИЛЕП

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за инфраструктурни градби – водоснабдителен систем на село Леништа, КО Леништа и КО Плетвар, Општина Прилеп, со тех.бр. 12/23 од јуни 2024г. изработен од страна на ТАЈФА АРХИТЕКТИ ДООЕЛ КУМАНОВО.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за инфраструктурни градби – водоснабдителен систем на село Леништа, КО Леништа и КО Плетвар, Општина Прилеп, зафаќа површина од приближно 4,1ха ( 41023.98м2) и должина на трасата на главниот крак од L = 4.2km и дополнителни помали краци во должина од L = 0,94km или вкупно од 5,11kм. Во делови, предметниот проектен опфат е пресечен со градби за кои се предходно планирани со извод од просторен план и услови за планирање на просторот (преклоп со Y00920, се сече со Y20711 и се
граничи со Y13813), на начин означен во графичките прилози.

член 3

На Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за инфраструктурни градби – водоснабдителен систем на село Леништа, КО Леништа и КО Плетвар, Општина Прилеп, со тех.бр. 12/23 од јуни 2024г. изработен од страна на ТАЈФА АРХИТЕКТИ ДООЕЛ КУМАНОВО, јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган со става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 17.09.2024 до 02.10.2024 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 8:30 до 15:30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески

Соопштение за јавен увид 56931

синтезен (1)

Анкетен лист за ЈУ 56931