СООПШТЕНИЕ за спроведување на јавен увид на Урбанистички Проект

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на
РСМ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на

Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање
(Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – за изградба на фотоволтаична електрана во КО Галичани, општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по
Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање
(Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – за изградба на фотоволтаична електрана во КО Галичани, општина Прилеп, со тех.бр.У-56/22 од февруари 2024г. изработен од СТУДИО „АТРИУМ“ ДОО – Штип.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за
урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план за фотоволтаична електрана (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 2597/2, КО Варош, општина Прилеп, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – за изградба на фотоволтаична електрана во КО Галичани, општина Прилеп со бр.Y55922 од декември 2022г. и Решение за Услови за планирање на просторот со бр.УП1–15 2444/2022 од 03.02.2023г. издадено од Министерство
за животна средина и просторно планирање .
Проектниот опфат е дефиниран со граница која претставува затворена полигонална
линија. Опфатот го сочинуваат катастарските парцели КП 147, КП 146, КП 148, КП 149, КП 151/1, КП 151/2, КП 151/3, КП 151/4, КП 151/5, КП 163, КП 164, КО Галичани, Општина Прилеп.
Координатите на прекршните точки кои ја дефинираат границата на проектниот опфат се дадени во следната табела:

Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 86338,91м².

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект согласно член 58 став(6) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – за изградба на фотоволтаична електрана во КО Галичани, општина Прилеп, со тех.бр.У-56/22 од февруари 2024г. изработен од СТУДИО „АТРИУМ“ ДОО – Штип, јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган со става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 29.02.2024 до 15.03.2024година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 8:30 до 15:30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески

УП ВОН ОПФАТ НА УРБ ПЛАН

Соопштение за јавен увид 55336

Анкетен лист за ЈУ 55336