СООПШТЕНИЕ За спроведување на јавен увид на УП за фотоволтаици

Бр. 10-1125/3
од 27.06.2023 година

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1.5MW на дел од К.П.бр.1717/1, К.О.Селце, Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1.5MW на дел од К.П.бр.1717/1, К.О.Селце, Општина Прилеп, со Технички број: У-66/22 изработен од Трговско друштво за урбанизам, проектирање и студии БИРО ЗА УРБАНИЗАМ Томе ДООЕЛ Битола.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1.5MW на дел од К.П.бр.1717/1, К.О.Селце, Општина Прилеп, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1.5MW на дел од К.П.бр.1717/1, К.О.Селце, Општина Прилеп, со бр. Y01423 и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 367/2023 од 27.02.2023 год.
Проектниот опфат е дефиниран со граница која претставува затворена полигонална линија. Опфатот го сочинува дел од една катастарска парцела КП 1717/1, КО Селце, Општина Прилеп. Координатите на прекршните точки кои ја дефинираат границата на проектниот опфат се дадени во следната табела:

Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 14473 м2 или 1,45 ха.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) со моќност до 1.5MW на дел од К.П.бр.1717/1, К.О.Селце, Општина Прилеп, со Технички број: У-66/22 изработен од Трговско друштво за урбанизам, проектирање и студии БИРО ЗА УРБАНИЗАМ Томе ДООЕЛ Битола ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 28.06.2023 до 12.07.2023 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Прилеп
Борче Јовчески

____________________

UP+IP_MD2S Solarpro – el.potpisan_p

Анкетен лист за ЈУ

Соопштение за јавен увид УП 52056