Соопштение за поднесување на даночна пријава

Известување

Општина Прилеп ги известува сите правни субјекти, самостојни вршители на дејност и физички лица кои се сопственици или корисници на недвижен имот, согласно член 29, став 1 од Законот за даноци на имот, кои досега немаат поднесено даночна пријава, а притоа имаат промена во нивната имотна состојба, должни се да поднесат нова даночна пријава во просториите на Одделението за администрирање на приходи на Општина Прилеп, во најкраток можен рок, а најдоцна до 31.01.2025.

Неподнесувањето на даночна пријава предизвикува дополнителни постапки и трошоци на даночните обврзници согласно законската регулатива. Во спротива општината ќе постапува по член 90 од истиот закон.

Исто така се известуваат сите даночни обврзници кои сакаат решенијата за данок на имот да ги добиваат по електронски пат, да пријават e-mail адреса во Одделението за администрирање приходи во Општина Прилеп.