Соопштение за ЈП и ЈА Загорани

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЗАГОРАНИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 3, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Село Загорани е рамничарско-ридско село на надморска висина од 600.00мнв до 630.00 мнв во општина Прилеп, која се наоѓа во северноисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото Загорани и КО Загорани се наоѓа југозападно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата: Боротино од север, Веселчани од исток, Тополчани од југ, Чепигово и пашино Рувци од запад. Селото Загорани во атарот на КО Загорани е опкружено со месноста Голем Пат од север, месноста Дранчеица од исток и југ и Гладно Поле од запад. Посебна карактеристика за селото Загорани е неговата местоположба во однос на железничката траса Битола –Скопје, која се наоѓа западно од селото и е достапна преку земјен пат и железничката станица Бакарно Гумно. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се најдува на југозапад од Прилеп на 16,00 km, а пристапот е преку асфалтен пат. Во с. Загорани се пристигнува преку Регионалниот пат Р1101 Прилеп – Битола, односно (Р 106 – стара ознака), и локален асфалтен пат со должина од 4,7км.преку селото Веселчани. Локалниот пат се одделува од регионалниот пат од северозападната страна. Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 108 жители. Селото има полјоделска и делумно сточарска функција. Со оглед на населеноста, опкружувањето, местоположбата и значењето на селото, потребна е изработка на нова урбанистичко-планска документација.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Загорани со разработка на

блок 3, Општина Прилеп, со површина од 28,19 ха, е дефиниран со следните граници:

– на север границата се движи низ КП311, КП 312, продолжува по северната граница на КП 313, по западната граница на КП 316 и КП 317/2, минува низ КП 1894/2 и продолжува по источната граница на истата КП, продолжува по северната граница на КП 320 и КП326, минува низ КП 322, КП 184 и КП 185, продолжува по северната граница на КП 185 и по ситочната граница на КП 186, ја сече КП 1890 и продолжува по северната граница на КП 180, КО Загорани, Општина Прилеп.

– на исток продолжува по источната граница на КП 180 и КП 181, минува низ КП 336, продолжува по источната граница на КП 335, КП 335, по северната граница на КП 337, КП 338, по границите на КП 339, по јужната граница на КП 338, источната граница на КП 352, ја сече КП345/1 и продолжува по источните граници на КП 1504, КП 1505, КП 1523, КП 1530, КО Загорани, Општина Прилеп,

– на југ границата продолжува по јужната граница на 1530, КП 1528, КП1527, ги сече КП 345/1 и КП 1894/1, продолжува по јужните граници на КП 1483, КП 1484, КП 1486 и ја сече 1482, КО Загорани, Општина Прилеп

– на запад продолжува по западната и северната граница на КП 418, западните граници на КП 416/2, КП 416/1, КП 415/1, КП 412/1, КП 412/2, по западната и северната граница на КП 411, КП 474/1, по западните граници на КП 371, КП 370, северната граница на КП 368/1, минува низ КП 403/1 и продолжува по нејзината западна граница, ја сече КП КП 404, продолжува по јужната граница на КП 405 и КП 407, продолжува по западната граница на КП 407, ја сече КП 1894/1 и минува низ КП310, КО Загорани, Општина Прилеп.

Планскиот опфат го опфаќа селото Загорани, на подрачјето на КО Загорани во Општина Прилеп. За конкретниот плански опфат, нема претходно изработенa урбанистичко планска документација.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 28,19ха.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЗАГОРАНИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 3, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 23.11.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

                       

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

Одлука Загорани

Соопштение Загорани

УПС Загорани