БР._______________
од________________.2022 год.
Прилеп
Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ВЕСЕЛЧАНИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП.
Опис на планскиот опфат:
Село Веселчани е рамничарско-ридско село на надморска висина од 600.00мнв до 640.00 мнв во општина Прилеп, кое се наоѓа во североисточниот дел на Пелагонискиот регион. Селото Веселчани, КО Веселчани, се наоѓа југозападно од градот Прилеп, а опкружено е со атарите на селата: Галичани од север, Алинци од исток, Тополчани од југ и Загорани од запад. Селото Веселчани во атарот на КО Веселчани е опкружено со месностите Под село и Мовче од север, со месноста Под лозја од и исток, со месноста Присој од југ и со месноста Ораѓе од запад. Посебна карактеристика за селото Веселчани е неговата местоположба во однос на железничката траса Битола –Скопје, која се наоѓа западно од селото и е достапна преку земјен пат и железничката станица Бакарно Гумно. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се наоѓа на југозапад од Прилеп на 13,80 km, а пристапот е преку асфалтен пат. Во с. Веселчани се пристигнува преку Регионалниот пат Р1101 Прилеп – Битола, односно (Р 106 – стара ознака), и локален асфалтен пат со должина од 2,2км. Локалниот пат се одделува од регионалниот пат од северозападната страна. Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 98 жители. Селото има полјоделска функција и делумно сточарска функција. Со оглед на населеноста, опкружувањето, местоположбата и значењето на селото, потребна е изработка на нова урбанистичко-планска документација.
Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Веселчани со разработка на блок 2, Општина Прилеп , со површина од 13,65 ха, е дефиниран со следните граници:
Границата започнува од КП 735, па продолжува да се движи кон кон исток, притоа сечејќи ја КП 833 (пат). Оттука се двиќи по границите на КП 830, КП 828, сече дел од КП 829, па по границите на КП 823/2, КП 821, КП 820/1, КП 819, КП 814, дел од КП 841/1, КП 842, КП 844, КП 846, КП 848, КП 850, КП 853/1, КП 853/2, КП 855, КП 857, ја сече КП 1168/1 (пат), сече делови од КП657 и КП 656, ја тангира КП 855, повторно сече дел од КП 656, ја сече КП 644 (пат), врти по границите на КП 653 и КП 651. Оттука, границата на опфатот оди по КП 651, ја сече КП 884 (пат), сече дел од КП 883, ја сече КП 1168/1 (пат), сече дел од КП 882, па оди по границите на КП 860, КП 862, КП 864, КП 866, КП 869, сече дел од КП 870, па продолжува по границите на КП 879, ја сече КП 803 (пат), продолжува да се движи по границите на КП 799, КП 800, КП 801, КП 803 (пат), КП 804, КП 794/3, КП 793, ги сече КП 784, КП 785, па продолжува по границата на КП 789, па по границата на КП 1168 (пат), која притоа и ја сече. Продолжува да се движи по границите на КП 783, КП 777, КП 776, КП 774, КП 775, повторно по КП 774, па по КП 773, врти по границите на КП 772 и продолжува да се движи од југ кон запад по границите на КП 769, КП 768, КП 767, ја сече КП 70, па оди по границите на КП 765, КП762, повторно сече мал дел од КП 70, па продолжува по границите на КП 758, КП 745, КП 744, КП 743, КП 740, оди по границата на КП 1168/1 (пат), ја сече и продолжува по границите на КП 737 И КП 735 од каде што започна опфатот.
Планскиот опфат го опфаќа селото Веселчани, на подрачјето на КО Веселчани во Општина Прилеп. За конкретниот плански опфат, претходно изработената урбанистичко планска документација е на ниво на Општ акт, изработен во декември 1997год. одобрен со одлука на Совет на општината, заведена под бр. 07-12/1 од 06.03.1998 година, но истиот не е во важност.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 13,65ха.
Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.
Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ВЕСЕЛЧАНИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 23.11.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески