Соопштение за ЈП и ЈА Ерековци

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЕРЕКОВЦИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 3, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Село Ерековци е равничарско село на надморска висина од околу 600.00мнв во општина Прилеп, која се наоѓа во северноисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото Ерековци КО Ерековци се наоѓа јужно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата: Шелеверци од север, Канатларци од исток и од југ, Клепач и Тополчани од запад. Селото Ерековци во атарот на КО Ерековци е опкружено со месноста Горни Чаир од север,Аша Чаир и исток, Азмак од југ и Козлак од запад. Определената и дадена ситуација на населбата поточно се најдува на југозапад од Прилеп на 21,50км, а пристапот е преку асфалтен пат. Во с. Ерековци се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп – Битола или Регионалниот пат Р1101 Прилеп – Битола, односно (Р 106 – стара ознака), и локален асфалтен пат со должина од 4,0км. Локалниот пат се одделува од магистралниот пат од југоисточната страна кај клучката Тополчани. Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 385 жители. Селото има полјоделска и делумно сточарска функција. Со оглед на населеноста, опкружувањето, местоположбата и значењето на селото, потребна е изработка на нова урбанистичко-планска документација.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Ерековци со разработка на блок 3, Општина Прилеп, со површина од 68,2 ха, е дефиниран со следните граници:

– на север границата ги сече КП2614, 1614/3, се движи по северната граница на КП1609/1, 1609/6, ги сече КП1609/5, 1609/4, 1609/1, 1606, се движи по северната граница на КП1604, 1602/1, 1603/1, 1605/3, 1605/2, 2614, ги сече КП1600, 2598, по граница на КП1586, се движи по северната граница на КП1584, се спушта по источна граница на КП1581, се движи по северна граница на КП2598, се спушта по источна граница на КП1589, по севарна граница на КП1594, по источна граница на КП1593, по северна граница на КП1592, ја сече КП1591, по источна граница на КП1591, ја сече КП2614

– на исток границата се движи по источната граница на КП1941, ги сече КП1941, 1944, 1946

– на југ границата минува по јужните граници на КП1949, 1950, 1951, 1952, 1955, ја сече КП2617, се движи по источните граници на КП1964, 1963, ги сече КП1961, 2618/1, се движи по јужните граници на КП1983, 1985, 1981, 1980, 1990, 1991, 2011, 2012 и 2014

– на запад границата се движи по западните граници на КП2014, 2032/3, 2020, 2019, 2018, 2025, 2022/3, 2022/2, 2022/1, 2023, 2031, 2030, 1997/1, 2002, ја сече КП2034, се движи по западните граници на КП2034, 2616, 2038.

Планскиот опфат го опфаќа селото Ерековци, на подрачјето на КО Ерековци во Општина Прилеп. За конкретниот плански опфат, нема претходно изработенa урбанистичко планска документација.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 68,21ха.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЕРЕКОВЦИ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 3, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 23.11.2022 година до 30.11.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 30.11.2022 година, петок, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

                       

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

Одлука Ерековци

Соопштение Ерековци

УПС Ерековци