Соопштение за ЈП и ЈА

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 7, БЛОК 7.5, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Локалитетот што е предмет на овој плански опфат се наоѓа во централното градско подрачје во Прилеп, КО Прилеп, Општина Прилеп, на надморска височина од 648,02 до 651,71м. Планскиот опфат кој е предмет на разработка на деталниот урбанистички план е дефиниран со границата која е затворен полигон и тоа :

Северозападната граница почнува од накрсната точка на осовините на собирните улици С1-булевар “Гоце Делчев” со пешачката улица Пе1- “Борка Талески” и оди кон исток по осовината на булевар “Гоце Делчев” до нејзиниот завршеток вкрсната точка со собирната улица С8 – “Васко Карангелески” па продолжува по осовината на собирната улица С8 – “11ТИ Октомври” се до вкрсната точка со осовината на речното корито на река “Оревоечка”, продолжува кон Југоисток по осовината на река “Оревоечка”, се до вкрсната точка со пешачката улица Пе1- “Борка Талески” врти кон северозапад по осовината на пешачката улица Пе1- “Борка Талески”се до вкрсната точка со осовината на собирната улица С1- булевар “Гоце Делчев” која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со површината на планскиот опфат 142.041,3 м2, односно 14,20 ха.

Површината на планскиот опфат за ДУП за Четврт 7, Блок 7.5, КО Прилеп, Општина Прилеп, изнесува 142.041,3 м2, односно 14,20 ха.

Инаку планскиот опфат како што погоре споменавме е во централниот дел на градот Прилеп, за истиот е изработена постара планска документација од типот на ДУП така да со предметнава планска документација ќе се примени понова законска регулатива и ќе се усогласи со важечкиот ГУП кој е од понов период.

Јавната анкета и јавната презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 7, БЛОК 7.5, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог План во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 11 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 01.12.2022 година до 16.12.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 06.12.2022 година, вторник, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

01_DUP CETVRT 7_BLOK 7.5_04.2022

Одлука 7.5

Соопштение 7.5