Врз основа на член 49, став (4) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 73/24, 171/24 и 224/24), и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се организира повторена јавна презентација, јавна и стручна расправа по ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГРАД ПРИЛЕП (плански период 2013-2023г.), ОПШТИНА ПРИЛЕП.
Предмет на измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на град Прилеп е измена и дополнување на текстуалниот дел на планската документација, односно:
Измената и дополнувањето на текстуалниот дел од планската документација е во делот на следните плански одредби:
Точка 3.1.6.1. Намена на земјиштето А – домување, пасусот за Густина нанаселеност: се менува, односно дополнува и гласи:
“Густината на населеност се пресметува како количник од бројот на жители (69704 жители) и површините под група на класа на намени А – Домување (899,92 хектари) наниво на плански опфат, и истата изнесува 77,46 жители/хектар. При изработка напланови од пониско ниво да се планираат максимални густини на домување до 100 жители/хектар кај класата А0, 200 жители/хектар кај класата А1, односно 350 жители/хектар за станбени згради до П+3, 450 жители/хектар за станбени згради до П+4, односно 550-850 жители/хектар за станбени згради од П+5 и повеќе катови (станбеникули) кај класата А2, односно до 300 жители/хектар кај класата А3.”.
Точка 22 од 3.1.9.1. Основни параметри за уредување на просторот се менува и гласи:
- Границата на плански опфат на ДУП е планска одредба предвидена во предметниот ГУП и по правило се совпаѓа со граница на просторна единица за планирање како што се четвртта и блокот. Планскиот опфат може да се ограничи и со друга логична просторна целина. Границата на плански опфат на ДУП по правило треба да се совпаѓа со регулациона линија, граница на градежна парцела, граница на КП, оска на улица или друг линеарен геодетски симбол што претставува создадена или природна граница.
– измена и дополнување на текстуалниот дел од планска документација со која се врши усогласување на важечките детални урбанистички планови со предметниот ГУП за град Прилеп, со плански период 2013-2023 година, одобрен со Одлука на Советот на Општина Прилеп бр.25-2888/5 од 28.12.2015год., во врска со член 35 од Законот за урбанистичко планирање (“Сл. Весник на РСМ“ бр.32/20), на начин што;
– во текстуалниот дел од планска документација во точка 3.1.9.1. Основни параметри за уредување на просторот се додава нови точки 24 и 25 кои гласат:
- Детален урбанистички план може да се применува само доколку намените на ДУПОТ се во согласност со намените утврдени во важечкиот ГУП.
– Доколку со важечкиот ГУП е планирано намалување на профилот на сообраќајната мрежа, ДУПОТ донесен пред влегување во сила на важечкиот ГУП може да се применува само доколку со реализација на планираните градби или деловите од планираните градби од истиот не се попречува реализацијата на сообраќајната мрежа од овој ГУП.
- Учеството на групите на класи на намени В-Јавни институции и Д-Зеленило, без ограничувања може да се планира и зголемува за сметка на други намени.
Во точка 3.1.10. Посебни услови за изградба, развој и користење на градежното земјиште и градбите за секоја урбанистичка единица за планирање чиишто граници се утврдени со планот: планскиот опфат на деталниот урбанистички план, урбаните четврти и блокови во сите поединечни блокови, да се дополнат, односно додадат следните одредби:
– Во сите поедниечни блокови (од блок 1.1 до блок 12.10) во чии граници има планирано група на класа на намена “А”, планската одредба “- Градежните парцели со основна класа на намена А2 да тежнеат кон периметарот на блокот, долж улиците чии осовини го дефинираат блокот.”, точата да се замени со запирка после која ќе се додадат зборовите: “а исто така може да се планираат во површината на планираните блокови согласно предметниот ГУП, доколку може да се создадат урбанистичко архитектонски и инфраструктурни услови за нивна реализација.”.
– Во сите поедничени блокови во чии граници има планирани групи на класа на намена “A”, “Б” и “Г”, после одредбата “ – Процентуално учество на основните класи на намена изнесува …%, …%,…% и за …%.”, да се додаде нова реченица: “Зададените процентуални учества да се применуваат како ориентациони, а не задолжителни.”.
– Во сите поедничени блокови во чии граници има планирани групи на класа на намена “A”, планската одредба: “ – При изработка на планови од пониско ниво да се планираат максимални густини на домување до 100 жители/хектар кај класата А0, 150 жители/хектар кај класата А1, односно до 350 жители/хектар кај класата А2.”, да се усогласи со измената во точка 3.1.6.1. Намена на земјиштето А – домување, пасусот за Густина на населеност и да гласи: “- При изработка на планови од пониско ниво да се планираат максимални густини на домување до 100 жители/хектар кај класата А0, 200 жители/хектар кај класата А1, односно 350 жители/хектар за станбени згради до П+3, 450 жители/хектар за станбени згради до П+4, односно 550-850 жители/хектар за станбени згради од П+5 и повеќе катови (станбени кули) кај класата А2.”.
Во точка 3.1.10.1 Посебни услови за изградба од доменот на електроснабдувањето, јавното осветлување и електронски комуникации, на почетокот од пасусот се додава следното:
Не се дозволува изградба и изведување на други работи, засадување на растенија и дрвја на земјиште под, над и покрај енергетски објект, уреди и постројки, со кои се нарушува процесот на производство, пренесување и дистрибуција на енергија или се загрозува безбедноста на луѓето и имотот, согласно член 203, став (1) од Законот за енергетика (Сл.Весник на РМ бр.96/2018).
Сопственикот, односно корисникот на земјиште е должен да дозволи привремен прекин преку тоа земјиште за вршење премер, снимање, проектирање и изведување на работи на одржување и реконструкција на енергетски објекти, како и за вршење на инспекциски надзор на објектите кои се поставени на тоа земјиште, согласно член 204, став (1) од Законот за енергетика (Сл.Весник на РМ бр.96/2018).
Да се применат одредбите од Правилникот за изградба на надземни електроенергетски водови со номинален напон од 1KV до 400KV (Сл. Весник на РМ бр.25/2019).
Да се применат одредбите од член 224 од Мрежните правила за пренос на електрична енергија (Сл. Весник на РСМ бр.4/2022).
Повторената јавна презентација, јавна и стручна расправа по Предлог план ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ГРАД ПРИЛЕП (плански период 2013-2023г.), ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на измените во просториите на Општина Прилеп.
Повторената јавна презентација ќе трае 43 дена, односно од 20.01.2025 година до 03.03.2025 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната расправа со стручно презентирање на измените ќе се одржи на ден 03.02.2025 година, во 10:00 часот во просториите на Општинa Прилеп.
Стручната расправа со стручно презентирање и расправа за измените ќе се одржи на ден 12.02.2025 година, среда во 10:00 часот во просториите на Општина Прилеп.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески