Соопштение за ДУП

Врз основа на член 35, став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 7, БЛОК 7.4, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 7.4.1, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат;

Опфатот се наоѓа во централниот дел од градежниот реон во Прилеп и истиот се граничи од југо запад и запад со осовина на ул. “Ордан Чопела“ и ул. “Ристе Ристески Ричко“, од северо запад со речното корито на река Ореовечка, од северо исток со ул. “Борка Талески“, а од од југо исток со ул. “Александар Македонски“. Во рамките на четврт 7, блок 7.4., поточно 7.4.1 го зафаќа југо источниот дел. Опфатот е на просечна надморска восина од ~ 650м, со благ пад кон југозапад и запад од околу 1% што е поволно за решавање на комунална инфраструктура. Поточно највисоката висинска кота е на североисточната страна на самата раскрсница со 652,86м, на спојот на ул. “Борка Талески“ со ул. “Александар Македонски“, додека најниската е на 650.36 која е на прекршувањето на ул. “Ристе Ристески Ричко“ која продолжува северозападно кон спојот ко ул. “Кеј 9-ти Септември“, односно коритото на река Ореовечка. Опфатот е со трапезна испрекршена форма, така што од северозападната страна опфатот по должина на коритото од река Ореовечка е со должина од 148.32м, од северо источна страна по ул. “Борка Талески“ е со должина од 194.58м, од југоисточната страна по ул. “Александар Македонски“ е со должина од 107,05м, додека од југо зпадна страна и западна страна по ул. “Ордан Чопела и по ул. “Ристе Ристески Ричко“ е со должина од 290,14м. Вака дефинираниот опфат има површина од 31847,60 м2, односно 3,184 ха, кој е потврден и со податокот од Изводот од регулациски план.

Oсновната намена на земјиштето кое е предмет на обработка на овој ДУП како и според РП на ГУП – от на град Прилеп за блок 7.4, е домување односно домување во станбени куќи и домување во станбени згради, но исто така предвидени се и други класи на намена на дел од земјиштето и тоа: јавни институции – верски институции, зеленило и инфраструктура.

Предвидените намени на земјиштето се во функција на обезбедување на поголема флексибилност на просторот, што значи во рамките на планскиот опфат постои можност да се предвиде земјиште кое ќе биде флексибилно по својата намена (одредени парцели да може да бидат наменета за А1 или А2), но во согласност со основната намена “А“ Домување. Исто така со планскиот опфат се предвидени и “E” инфраструктура т.е. “E1“ комунална инфраструктура, “Е2“ комунална супртаструра (трафостаница), како и “Д“ – зеленило и рекреација, односно спорт и рекреација – Д3.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 20.07.2022г. до 03.08.2020г. секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.07.2022 година, среда, во 13:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

ДУП за четврт 7 блок 7.4

Одлука за ДУП7.4.1.

Решение за комисија