Соопштение за делумна забрана за движење во шума

Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор се воведува Делумна забрана за движење во шума на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми“-Скопје на сите лица во шумите и шумските појаси од 24.06.2022 година во терминот од 06:00 до 20:00 часот.

Делумната забрана за движење во шума стапува на сила од 24.06.2022 и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од шумски пожари, односно до нејзино отповикување.