СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ

Општина Прилеп им соопштува на сите земјоделци коишто претрпеа
штети врз земјоделските култури, во невремето што се случи на
23.07.2018 год, да поднесат до Општина Прилеп документи кои што се
услов за да почне постапката за отштета.

Земјоделците во приемно одделение на Општина Прилеп до
општинската архива треба да достават барање, имотен лист, копии од
трансакциска сметка и лична карта.

Согласно со законот денеска е формирана општинска Комисија за
проценка на штети од елементарни непогоди, која што ќе ги разгледа
барањата, а потоа и на терен ќе врши увид.

По проценка на штетите, и откако извештајот од Комисијата ќе биде
разгледан на седница на Совет на Општина Прилеп, ќе биде доставен до
Владата, со цел исплата на отштета на земјоделците.

Одделение за односи со јавност
Општина Прилеп