СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА

Се информираат сите жители на градот Прилеп и населените места, дека
Комисијата за елементарни при Советот на Општина Прилеп формира
стручна комисија за проценка на штетите од природната непогода врз
земјоделските култури. Комисијата по доставените барања ќе излезе на
терен за да ја утврди висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат
за вкупната и поединечните штети, кои Извештаи со одлука на Советот на
Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата
за понатамошна постапка.

Ги информираме жителите на градот Прилеп и населените места, дека секој
работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина
Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават следната
потребна документација за утврдување на настанатата штета:

1.Барање (ќе го подигнете од приемното одделение или на следниот линк)
2.Соодветен документ со кој ќе докажете владение или сопственост
(имотен лист, договор за закуп и сл.)
3. Копија од лична карта
4.Копија од трансакциона сметка

КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА
ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА Е СРЕДА, 18.07.2018 ГОДИНА