Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека на ден 07.07.2020 година (вторник), во периодот од 20:00 до 24:00 часот на територијата на Прилеп, екипи од фирмата ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ – Кавадарци ќе ја спроведува теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се известуваат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.