Соопштение на ЈКП „Водовод и канализација“

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги известува граѓаните дека на ден 08.10.2019 година, вторник, поради изведба на градежни работи – реконструкција на водовод, улицата „Прилепски бранители“, во делот од поранешната Градска кафеана до кружниот тек кај поштата, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 07 до 14 часот.

Ви благодариме за разбирањето.