Соопштение МЖСПП

Министерството за животна средина и просторно планирање на
Република Македонија

ОБЈАВУВА

Барање за издавање Дозвола за испуштање од Систем за прочистување и испуштање (станица за прочистување) на урбани отпадни води во реципиент Прилепска река.

Согласно член 80 став 1 од Законот за водите (Службен весник на Република Македонија бр. 87/08, 09/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 163/13, 180/14, 146/15 и 52/16), до Министерството за животна средина и просторно планирање доставено е барање за издавање на Дозвола за испуштање од Систем за прочистување и испуштање (станица за прочистување) на урбани отпадни води во реципиент Прилепска река со локација на точката на испуст на КП бр.4827 КО Прилеп, Општина Прилеп.

Подносител на барањето: Општина Прилеп

Координати на локацијата на точката на испуст во реципиент Прилепска река според државен координативен систем е со следните координати:

У=7543069.59   Х=4576526.36

Информации во врска со барањето, заинтересираната јавност може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање на e-mail R.Barutovska@moepp.gov.mk.

Засегнатата јавност, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање Плоштад „Пресвета Богородица“ бр.3, 1.000 Скопје.