Соопштение

Граѓаните на општина Прилеп кои имаат потреба од известување за нумерирање на објект, документ кој е потребен за аплицирање за лична карта или пасош, своите барања можат да ги испраќаат преку електронски пат (емаил), или преку пошта.

Барањата преку електронски пат треба да се скенирани и испратени на urbanizam2@prilep.gov.mk , додека барањата преку пошта треба да се испратат на адреса: Општина Прилеп, улица „Прилепски бранители“ бб.

Потребни документи: – скениран/фотокопија имотен лист (не постар од 6 месеци); – скенирана/фотокопија лична карта; – скенирана/оригинал уплатница од уплатена административна такса од 50 денари – барање за нумерирање на објект ;

Лице за информации – Рубинчо Ристески 048 540-001

Барање за нумерирање на објект – ПРЕВЗЕМИ