Во недела, 10. декември, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Општина Прилеп (нова зграда) со жрепка ќе се утврди редоследот на групите и екипите за учество во турнирот во мал фудбал „Свети Никола“.
Турнирот е дел од настаните кои што се одржуваат по повод чествувањата за патрониот празник на Прилеп, „Свети Никола“.
Организатори на турнирот се Општина Прилеп и здружението „Локален спортски сојуз-Прилеп“.
Средствата од турнирот ќе бидат наменети за опремување на новоформиран Центар за деца со церебрална парализа.