Со изведба на претставата „Мој термин“ од МНТ – Скопје вечерва започнува 55 –ти МТФ „Војдан Чернодрински“

55 – то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ започнува вечерва и ќе трае до осми октомври. На почетокот на фестивалот ќе бидат врачени наградата за животно дело на актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и на сценографот Крсте С. Џидров а фестивалот за отворен ќе го прогласи министерката за култура Ирена Стефоска.

На денешната пресконференција по повод почетокот на 55-тото јубилејно издание на
фестивалот покрај уметничкиот директор Катарина Коцевска Хаџи Василева присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Уметничката директорка Коцевска Хаџи Василева во своето обраќање пред медиумите упати голема благодарност до градоначалникот Јованоски за неговиот искрен однос кон уметоста, а особено кон театарот.

“ 55 години е бројка за почит и секогаш фестивалот се одржувал во неговиот редовен термин, првиот петок во јуни, но ја знаете реченицата „Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови„ така да планот кој ние го направивме на почетокот на ланската година во јануари како ќе изгледа 55 -тото издание во својата цела сила и важност бидејќи е јубилејно издание не можевме да го одржиме. Сите знаеме што му се случи на целиот свет, ковид и беше невозможно да се направи во било каква форма заради безбедносни причини тој фестивал„ рече уметничкиот директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ Катарина Коцевска Хаџи Василева.

Директорката Коцевска Хаџи Василева додаде дека оваа година со оглед на ситуацијата, членовите на Собранието донеле одлука да се одржи фестивалот, прилагоден на условите и согласно сите протоколи за заштита од ковид 19. На ова 55 – то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе бидат изведени 13 претстави.

„Еден од проблемите се и протоколите, т.е. тое е нешто што е потребно, 30 посто можеме да примиме публикаи во домот и во театарот, како што е за сите театри во нашата земја, тоа се правилата. Во секој случај со маски и на дистанца. Јас мислам дека не е проблем публиката затоа што публиката е заштитена со маските и не зборува, актерите се тие кои се во тој жив контакт и кој е поголемиот проблем за работење“, истакна уметничкиот директор на МТФ.

„Војдан Чернодрински“ Катарина Коцевска Хаџи Василева.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски упати голема благодарност до
уметничката директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева за максималните напори што ги направи ова година да се одржи фестивалот „Војдан Чернодрински„.

„Убеден сум дека нашата критизерска публика која што има изострен вкус ќе ужива и покрај тоа што една третина или 30 посто ќе бидат застапени, ќе ужива во сите 13 претстави кои што за среќа во вакви услови ќе учествуваат на овогодишниот фестивал и убеден сум дека сите заедно ќе уживаме во театарскиот фестивал„Војдан Чернодриснки„, истакна градоначалникот Јованоски.

На првата фестивалска вечер ќе биде изведена претставата „Мој термин“ од МНТ – Скопје, во режија на Синиша Евтимов, според мотивите на Лорен Бафи и на Винсенте Виљануева. Во сабота на втори октомври ќе биде промовирана книгата на Тена Штивичиќ „Невидливите“, а на програмата се уште две претстави во конкуренција:

„Вечера за глупаци” од Францис Вебер во режија на Ирена Стеријовска, а во продукција на театар „Комедија” од Скопје, а потоа е претставата „Глембаеви“ од Мирослав Крлежа во режија на Бранко Брезовец на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

В недела на 3 октомври на репертоарот се претставите на кумановскиот театар „Вообразен болен“ од Молиер во режија на Драган Гунин и на Драмски театар од Скопје „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ.

На 4 октомври фестивалот отвора трибина на тема „Театарот во ковид-19. Проблеми и
решенија“ , модератор ќе биде Катарина Коцевска Хаџи Василева, а на репертоарот се уште две претстави. Албанскиот театар од Скопје на сцената прилепскиот театар ќе ја изведе „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада во режија на Кристина Димитрова, а во

Центарот за култура, битолскиот народен театар ќе се претстави со „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мекој во режија на Мартин Кочовски.

На 5 октомври во фоајето при Центарот за култура „Марко Цепенков“ од страна на Професор д-р Иван Додевски ќе биде промовирана антологијата „Еуродрам 2020: избор нови македонски драми„ во издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Оваа фестивалска вечер на репертоарот се тетовскиот театар со претставата „Страст и алчност“ од Јуџин О Нил во режија на Фитим Селими која ќе се игра на сцената од Центарот за култура. Потоа, во прилепскиот театар е претставата „Едип коментари” според мотиви од Едип на Софокле во режија на Драгана Милошевски Попова, а во продукција на штипскиот народен театар.

На 6 октомври ќе има промоција на книгата „Горан во Драмски“ и уште две претстави во конкуренцијата: Турски театар од Скопје ќе ја изведе „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевска Попова, а потоа е претставата на охридскиот театар „Крик за љубов“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Последниот фестивалски, репертоарски ден на 7 октомври ќе донесе три претстави. Прво е претставата на Театарот за деца и младинци од Скопје „Едвард раце ножици” во режија на нела Витошевиќ, потоа е претставата на велешкиот театар „Херои 04:33” во режија на Деан Дамјаноски и последната репертоарска претстава е на Факултетот за драмски уметности „Мурлин Мурло”, дипломска претстава на студентите од отсекот Драмски актери кај професорите Сузана Киранџиска и на Кристина Леловац.
В петок на 8 октомври жирито во состав Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и Александар Милосављевиќ, театролог од Србија ќе ги соопшти најдобрите остварувања на јубилејниот, 55-ти Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински”.

Свеченото затворање на Фестивалот во прилепскиот народен театар ќе биде со доделувањето на наградите на најуспешните и со изведбата на Драмски театар од Скопје „Драмски за Конески”, во чест на наградените.