Владата на Република Северна Македонија објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД–19.
Целта на донацијата, во вид на парични средства кои ќе се користат за помош, е поддршка за активностите за спроведување на мерките за справување со кризата од коронавирусот во земјата.
Уплатата на средства во денари за донација, се врши на образец ПП 50 и се пополнува на следниов начин:
Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија
Банка на примач: НБРСМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 0400100078 785 С9
Приходнa шифра: 744111 (за правни лица)
Приходнa шифра: 744211 (за физички лица)
Програма: Р1 (со латинична поддршка)
Во цел на дознака: Финансиска помош – КОВИД – 19
Донаторите што ќе одлучат да донираат финансиски средства се стекнуваат со право на даночно олеснување за кое што е потребно да достават Извештај за дадена донација/спонзорство (образец „УЈП-ИДС/ДВ“), во Управата за јавни приходи.