Шампионската екипа на ФК „Прилеп“ во пионерска конкуренција, на средба со градоначалникот Јованоски

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет ги прими пионерите
на ФК „Прилеп“, кои станаа државни прваци за генерацијата играчи родени 2009
година.

Честитајќи им на успехот, градоначалникот Јованоски истакна дека е горд што во
тековната 2019 година, освен пионерите на ФК „Прилеп“ и други прилепски екипи,
во различни спортови се искачија на победничкиот пиедестал, освојувајќи
признанија за државни шампиони или вицешампиони.

Тренерот и воедно претседател на ФК „Прилеп“, Тони Наумоски потенцираше
дека патот до титулата не бил ниту лесен, ниту едноставен. На освоената
шампионска титула и’ претходеше освојување на првото место во Регионалната
лига, за да потоа на завршниот турнир во Скопје на кој настапија најдобрите 8
екипи од осумте региони, со 4 победи во исто толку натпревари, се стигне до
титулата државен првак.