Општина Прилеп на барање на жителите од населеното место Крстец, превзеде активности околу тековно одржувањеи санирање на патот во должина од 4 километри. Патниот правец кој води до ова населено место е израмнет и санирани се дупките се со цел полесно одвивање на сообраќајот и поврзаноста на ова населено место со градот. Исто така со цел подобрување на условите за жителите од Крстец и Ореовец во фаза на изработка се урбанистички планови, проект на општина Прилеп, финансиран од Бирото за регионален развој, во рамки на јвниот повик за финансирање на проекти за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.
Изготвувањето на урбанистичките планови во споменатите села во голема мерка ќе го олесни развојот и живеењето на локалното население.
Општина Прилеп во изминатите години постојано вложува во изработка на урбанистичка документација, покрај за урбаната средина се работи и на изработка на документација за населените места во општина Прилеп. Изборот на селата Ореовец и Крстец е во насока на оптимално користење и валоризација на природните ресурси и енергетските потенцијали во планските региони и градење на функционално-просторни структури за подобро интегрирање на урбаните со руралните средини во плански региони.