БР._____________
од _____________ год.
Прилеп
Врз основа на член 35 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 oд Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО РАКЛЕ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП.
Опис на планскиот опфат:
С. Ракле представува ридско-планинско населено место, сместено во поднпжјето на Козјак планина од нејзина северо источна страна, а обколено од јужната страна со ридот Црвени брег, од источна страна со Средни рид, од север со месност Ридон.
С. Ракле се наоѓа на просечна н.м. од ~ 580 – 560 н.мв.
Местоположбата на с. Ракле е на северо источниот дел во однос на градот Прилеп, на
27.1 км, при што 24км се асфалтен пат, а 3.1км се тампониран пат.
Пристапот е преку Регипналниот асфалтен пат Р 1101 (стара ознака Р106 – Градско – Прилеп – Битола – Макази), со свртување кон десно кога се оди од Градско кон Прилеп.
Границата на планскиот опфат на Урбанистички план за село Ракле со разработка на блок 2, Општина Прилеп зафаќа површина 9,65 ха, е дефиниран со следните граници:
– на северo-запад се движи по границите на КП2237, КП2236, КП2220, КП2219, КП2211, КП2214, КП22, минува низ КП3060, продолжува по границите на КП2174, КП2175 и завршува во северната точка на КП2165
– на северо-исток продолжува по границата на КП2165, КП2164 од каде минува низ КП2163 и КП2127, границата продолжува по граници на КП2142, долж границата на КП2128, од каде скршнува низ истата и минува низ КП3061, отткука се спушта по границите на КП2015/1, од каде скршнува во правец кон југ минувајќи низ КП2016, КП2017, КП2019/1, КП2020, КП2021/1, КП2022, ЛП2023, КП2024 и КП2026
– на југ-исток границата продолжува по границите на КП2027, минува низ КП3060 па продолжува по граница на КП 1908 и КП1925 оттука продолжува кон југо-запад движејќи се по граница на КП1909, КП1913, скршнува по КП1912,повторно скршнува по југоисточната граница на КП1912, КП1911, по границите на КП1926, мал дел од КП1927 оттука продолжува низ КП1928 од каде продолжува по КП1929, скршнува по истата и продолжува по границите на КП1932/1, скршнува по граници на КП1932/2 од каде продолжува низ КП1932/1,КП1938, па се движи по граници на КП2007, КП1941, минува низ КП1945, оттука продолжува по КП 1946/1, минува низ мал дел на КП195 па продолжува по нејзините граници се до КП1977 каде минува низ нејзе, отткуа продолжува по граници на КП1977, КП1988, КП1987, КП1986, КП1983, КП1982, КП1981, КП1984, КП2198/1, минува низ КП3078 ,продолжува по граници на КП2198/1, КП2229, минува низ КП2236 и се надоврзува на границата на КП2237, каде завршува во северо западната точка на опфатот.
За конкретниот плански опфат, нема претходна планска документација.
Подрачјето на пласнкиот опфат е на теритирија на Општина Прилеп.
Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО РАКЛЕ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески