Се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Манастир

БР._____________

од _____________ год.

Прилеп

 

Врз основа на член 35 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 oд Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ

Се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Манастир со разработка на блок 4, Општина Прилеп

Опис на планскиот опфат:

Манастир е ридско планинско село на надморска висина од околу 780.00 мнв во општина Прилеп, која се наоѓа во североисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото Манастир, КО Манастир се наоѓаат југоисточно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата Дуње и Полчиште 2 од север, Бешиште од исток и југ и Чаниште и Крушевица од запад.

Селото Манастир, КО Манастир во атарот на селото е опкружено со месностите Присој од север, Водици од исток, Гулабова Пештера од југ и месноста Клисура (корито на Црна Река) од запад.

Определената и дадена ситуација на населбата поточно се најдува на југоисток од Прилеп на 36,70 km, а пристапот е преку асфалтен и земјен пат. Во с. Манастир се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, клучката кај Ново лагово и Регионалниот пат Р1107 Прилеп – Витолиште од кој се одделува делумно земјен пат, а во селото се влегува од североисток.Низ селото поминуваат долови-суводолици кои се вливаат во река Црна.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Манастир со

разработка на блок 4, КО Манастир, Општина Прилеп, со површина од 17,269 ха, е

дефиниран со следните граници:

– На север границата се движи по северозападната и североисточната граница на КП 373, потоа врти по јужната граница на КП 373, врти кон југ по источната граница на КП 397, продолжува на југ по североисточната граница на КП 371, врти по Југоисточнтата граница на КП 371, ја сече КП 399 се до пресечната точка со КП 400, продолжува по североисточната граница на КП 400, ја сече КП 811, продолжува по југоисточната граница на КП 811 се до пресечната точка со КП 417, продолжува по северозападната и западната страна на КП 417, продолжува по серната страна на КП 418 па врти по источната страна на КП 418 ја сече КП 418 и се движи по источната страна на КП 811 се до пресечната точка со КП 444, продолжува по североисточната граница на КП 444, по североисточната граница на КП 445 се до пресечната точка со КП 449, ја сече КП 449, ја сече КП 450 се до пресечната точка со КП 575, па се движи по источната граница на КП 575, продолжува по источната граница на

КП 579, врти по јужната граница на КП 579, продолжува по југоисточната граница на КП 580, КП 581, по источната граница на КП 610, продолжува по југоисточната граница на КП 589, КП 614, КП 590, врто по јужната граница на КП 590, продолжува по југоисточната граница на КП 591, се движи по источната страна на КП 620, продолжува по југоисточната страна на КП 621, КП 622, КП623, КП 811, ја сече КП 811 се до пресечната точка со КП 721, потоа продолжува по југоисточната граница на КП 721, па врто по југозападната граница на КП 721, врти по југоисточната страна на КП 728, ја сече КП 727 и КП 167 се до пресечната точка со КП 732, продолжува по југоисточната граница на КП 732, врти по југозападната граница на КП 732, ја сече КП 167 и ја сече на западната страна КП 725 се до пресечната точка во западниот ден на КП 725, ја сече КП 167 се до пресечната точка со КП 518, продолжува по југозападниот дел на КП 518, продолжува по југозападниот дел на КП 517, продолжува по северозападниот дел на кп 517, ја сече КП 167 се до пресечната точка со КП 520, па ја сече КП 167 и КП 516 се до пресечна точка)со КП 514 во нејзината (пресечната точка со југоисток

со североисток ) продолжува дијагонално со пресечната точка на КП 514 во северозападната нејзина граница, па продолжува на северо запад по КП 514, па врти према север по КП 514, продолжува по северозападната граница на КП 515, кп 513, врти по североисточната граница на КП 513, врти по северозападната граница на КП 521, врти по источната граница на КП 512, продолжува по северозападната граница на КП 511, КП 510, се движи по источната граница на КП 506, врти по северната граница на КП 506, врти по северозападната граница на КП 508, КП 509, КП 430, продолжува по југозападната и северозападната граница на КП 428, ја сече КП 167, ја сече КП 410 се до пресечната точка со КП 402/2, продолжува по северозападната граница на КП 402/2, продолжува по северозападната граница на КП 398, продолжува по западната граница на КП 397 се до пресечната точка со КП 373, продолжува по западната граница на КП 373 се до почетната точка на границата на опфатот.

За конкретниот плански опфат, нема претходно изработен урбанистичко планска

документација.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистички план за село Манастир со разработка на блок 4, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Градоначалник

                                                                                                                                            на Општина Прилеп

                                                                                                                                                 Борче Јовчески