Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО КЛЕПАЧ

 

БР._____________

од _____________ год.

Прилеп

 

Врз основа на член 35 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 oд Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се организира јавна презентација и јавна анкета по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО КЛЕПАЧ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 3, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Село Клепач е равничарско село на надморска висина од околу 580.00мнв во општина Прилеп, која се наоѓа во северноисточниот дел Пелагонискиот регион.

Селото Клепач, КО Клепач се наоѓа југозападно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата:  Тополчани од север, Ерековци и Канатларци од исток, Ношпал од југ и Лознани од запад. Селото Клепач во атарот на КО Клепач е опкружено со месноста Дедојца од север, Ношпалско поле од југ и Песоци и Селиште од запад.

Определената и дадена ситуација на населбата поточно се наоѓа на југозапад од Прилеп на 21,50км, а пристапот е преку асфалтен пат.  Во с. Клепач се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп – Битола или Регионалниот пат Р1101 Прилеп – Битола, односно (Р 106 – стара ознака).  Локалниот пат се одделува од магистралниот пат од југоисточната страна кај клучката Тополчани.

Во селото, според пописот од 2002 година, живеат 160 жители. Селото има полјоделска и делумно сточарска функција.

Границата на планскиот опфат на Урбанистички план за село Клепач со разработка на блок 3, Општина Прилеп, зафаќа површина од 19,74ха, е дефиниран со следните граници:

Границата започнува да се движи запад кон исток одејќи по границите на КП 455, КП 426, КП 427, КП 424, КП 417/2, од каде врти кон југ по границите на КП 411 и КП 412, која ја обиколува од две страни, па повторно оди кон исток по границите на КП 412 и КП 407, која исто ја обиколува од две страни, па продолжува по КП 396, КП 390, КП 388 и КП 378 (кои ги обиколува од две страни), КП 372,

КП 368, КП 365/2, КП 365/1, ги сече КП 163, КП 164, КП165, КП 166, продолжува во истиот правец по границите на КП 167, КП 170, КП 171, ја сече КП 173, па по границите на КП 174 и КП 179, ги сече КП 180 и КП 181 (која ја обиколува од две страни), ја обиколува и ја сече КП 1333 (пат). Оттука започнува да се движи кон југ по границите на КП 194, КП 320 и КП 321 (кои ги обиколува од две страни), па продолжува кон југ по границите на КП 311, КП 308, КП 305, КП 304, ја сече КП 1338/1 (пат), па

 

продолжува да оди по границите на КП 564 (која ја обиколува од две страни), КП 563, КП 770, КП 769 (која ја обиколува од три страни), од каде врти кон запад по границата на КП 770, ја обиколува од две страни КП 771, па продолжува по КП 773, КП 774, КП 558, КП 557, КП 555 (која ја обиколува од две страни), КП 552, од каде започнува да се движи од југ кон север, притоа обиколувајќи ги од две страни КП 532, КП 537/1, КП 540/2, продолжува по границите на КП 550, КП 549, ја обиколува КП 527, врти кон запад по границата на КП 527, ја обиколува од две страни КП 525, ја сече КП 1337 (пат), па продолжува кон запад по границите на КП 514/2, КП 514/1, КП 512, КП 511, КП 508, КП 507 (која ја обиколува од две страни), КП 457, КП 458, која ја обиколува од две страни, притоа врти од југ кон север, сечејќи ја КП 1338/1 (пат), врти по границите на КП 455 и доаѓа до точката од каде што започна опфатот.

За конкретниот плански опфат, нема претходна планска документација.

Подрачјето на пласнкиот опфат е на теритирија на Општина Прилеп.

Јавната анкета и јавна презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО КЛЕПАЧ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 3, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески