Се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Галичани

 

БР._____________

од _____________ год.

Прилеп

 

Врз основа на член 35 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 oд Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

 

СООПШТЕНИЕ

Се организира јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Галичани со разработка на блок 3, КО Галичани и КО Беровци, Општина Прилеп

 

Опис на планскиот опфат:

Селото Галичани се наоѓа југо западно од градот Прилеп опкружено со атарите на село

Мало Коњари од север, с.Беровци од исток, с.Алинци и с.Веселчани од југ ,  с.Загорани од југозапад- и с. Кадино село на запад .

Определената и дадена ситуација на населбата поточно се наоѓа на југозапад од

Прилеп на околу 9,0 km, а пристапот е преку асфалтен пат и земјан пат. Во с. Галичани се

пристигнува преку асфалтен пат R2339.

На север и  северо-запад покрај селото поминува Железничка пруга – железничката траса Битола –Скопје, која поминува покрај селото, која е надвор од опфатот само во еден дел граничи со самиот опфат.

Низ западниот дел од селото поминува река Штавичка, и низ опфатот поминуваат неколку водотеци или канали.

Според состојбата на терен локацијата која е предмет на изработка на Урбанистички план за с. Галичани – дел се наоѓа во рамките на КО Галичани и дел од КО Беровци , Општина Прилеп, со географска положба и координати на 41018’18” напоредник и 21028’41” меридијан, на надморска височина од 619м.

Планскиот опфат го опфаќа селото Галичани, на подрачјето на КО Галичани и КО Беровци , Општина Прилеп.

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село Галичани со разработка на блок 3, КО Галичани и КО Беровци, Општина Прилеп, со површина од 26,229 ха, е дефиниран со следните граници:

Од западната страна: почнува од накрсната точка на КП бр.408/5, 408/6 и 1245/1, оди по северозападната границата на КП бр.408/5, врти по југоисточната граница на КП бр.408/6, ја сече КП бр.407/1, продолжува во јужен правец по северозападната граница на КП бр.409/3 и 409/8, потоа врти кон запад по јужната граница на КП бр.409/8, врти кон југ по источната граница на КП бр.411/4, врти кон запад по јужната граница на истата парцела, потоа врти кон југ поминувајќи по границите на КП бр.411/6 и 424/2, кои се јавен пат (асфалтен кон с.Ново лагово). Потоа продолжува во јужен правец при што ја сече КП бр.424/3 во должина од 22,9м и низ истата парцела продолжува во западен правец се до пресечната точка со КП бр186/1 и 187. Продолжува по југоисточната граница на КП бр.186/1, врти кон југ по источната граница на КП 189, врти кон запад по јужната граница на КП189, ги сече КП бр 197, 198, 199 и 200, продолжува во истиот правец по југоисточната граница на КП бр.202/1, ја сечи КП бр.203 која е јавен пат (асфалтен кон с.Беровци). Потоа во должина од 81,75м врти во северозападен правец по североисточната граница на КП бр.205, каде врти кон југозапад сечејќи ја истата парцела се до КП бр.204, од каде продолжува по нејзината источна граница, ја сече КП бр.206 која е јавен пат (земјан), врти према запад и продолжува по северната граница на КП бр.207 во должина од 37,44м, врти во јужен правец сечејќи ја КП бр.207, 208/2, 208/1, продолжува по нејзината јужна граница се до пресечната точка со КП бр.209 и 210. Потоа продолжува по југоисточната граница на КП бр.209, врти по северната граница на КП 209, ПОВТОРНО врти кон ЈУГО  оди по југоисточната граница на КП 209, врти кон запад по северната граница на КП 209, врти кон југ по југоисточната граница на КП 224 и 225, продолжува по североисточната граница на КП бр.226, врти и продолжува по југоисточната граница на КП бр.226 и 227, ја сече КП бр.228/3 се до пресечната точка со КП бр.228/1 и 229, потоа продолжува и ја сече КП 229 по источната граница на КП бр.229, продолжува кон јужен правец и ја сече 231, 233, оди до пресечната точка на КП 234 СО  236/3, потоа врти кон исток по северната граница на КП  236/4, врти кон југ по источната граница на КП 236/4, се движи по јужната граница на КП 236/4, ја сече КП 236/1, врти кон запад ја сече КП 239, врти кон југ ја сече КП 239, 242, 256 и 250, 257, врти кон запад и ја сече КП 280 и 281 која исто така е јавен пат и 284/1, врти кон југ по источната граница на КП 283, врти кон запад по јужната граница на КП 283, 285, 287/3, врти кон север по западната граница на КП 287/3, врти кон запад по јужната граница на КП 287/1, врти кон север по источната граница на КП 289, врти кон запад по јужната граница на КП 289, продолжува по јужната граница на КП 289/2, 296/2, 296/1, 297, потоа врти во северозападен правец по југозападната граница на КП бр.297, врти кон југозапад по југоисточната граница на КП бр.311/3, 1245/7, 310/6 и 311/1, потоа врти кон југ по источната граница на КП бр.313 И 312, врти кон југ по источната граница на КП бр.316/1, 334 и 342, каде врти по нејзината јужна граница и јужната граница на КП бр.346. Потоа во должина од 60м, оди по источната граница на КП бр.363 која е јавен пат, врти кон југозапад сечејќи ја истата парцела и продолжува по југоисточната граница на КП бр.360, ја сече КП бр.359 и продолжува кон север по источната граница на КП бр.357, потоа врти кон запад по северната граница на КП бр.357 и 1252/6 (Штавичка река), потоа врти кон југ по западната граница на 1252/6 во должина од 190м. Потоа врти во југозападен правец, сечејќи ја КП бр.1236/1 и 1252/5 кои се корито на река Штавичка, од каде продолжува кон југ по источната граница на КП бр.420, 419 и 417. Потоа врти кон запад по јужната граница на КП бр.417, ја сече КП бр.422 која е јавен пат, потоа продолжува кон север по западната граница на КП бр.422, продолжува во северозападен правец по југозападната граница на КП бр.1249 која исто така е јавен пат, врти кон североисток при што ја сече КП бр.1236/1 (корито на ртека Штавичка), продолжува по северозападната граница на КП бр.325 и 1245/1, врти кон исток по северната граница на КП бр.1245/1, се до пресечната точка со КП бр.1245/2, 90/1 и 92. Потоа продолжува во северен правец по западната граница на КП бр.92 и 93/1, каде врти кон североисток по северозападната граница на КП бр.93/1, 93/2, 94 (јавен пат), 104/3, врти кон северозапад по југозападната граница на КП 104/2, врти кон североисток по северозападната граница на КП 104/2, 104/1, врти кон југ по североисточната граница на  КП 104/1, врти кон исток по северозападната граница на КП 98, потоа ја сече КП бр.108/1 и 110, продолжува во истиот правец по северозападната граница на КП бр.115, 117, 120, ја сече КП 123, продолжува по северозападната граница на КП 127, 131, 132, 133, 134,  ја сече КП 174, продолжува по северозападната граница на КП 1245/1, продолжува по југоисточната граница на КП 170, 171, 168,  врти кон северозапад по истата и во пресечната точка со КП бр.169 врти кон североисток при што ја сече КП бр.167 се до КП бр.165, па врти по североисточната граница на КП 167, продолжува по северозападната граница на КП 1245/1, врти кон североисток и ја сече КП 165, потоа продолжува по северозападната граница на КП 165, се до пресечната точка со КП бр.1240 и продолжува по нејзината североисточна граница. Потоа врти по североисточен правец, паралелно на железничката пруга во должина од 86,63м, врти по југозападната граница на КП бр.1239 и продолжува по северозападната граница на КП бр.1245/1, ја сече и продолжува по северозападната граница на КП бр.408/1, 408/2, 408/3, 408/4 и 408/5, се до почетната точка на границата на опфатот.

За конкретниот плански опфат,  претходно била изработена планска документација – Урбанистички план за населено место Галичани, донесен со одлука бр.02-2038/1 од 30.03.1988г., но истата не е во важност.

Јавната анкета и јавната презентација по Урбанистички план за село Галичани со разработка на блок 3, КО Галичани и КО Беровци, Општина Прилеп, ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Градоначалник    на Општина Прилеп

Борче Јовчески