Бр. ___________
од ___.___.2023 год.
Прилеп
Врз основа на член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:
СООПШТЕНИЕ
Се организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО МАЖУЧИШТЕ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 2, ОПШТИНА ПРИЛЕП
Опис на планскиот опфат:
Планскиот опфат го опфаќа селото МАЖУЧИШТЕ, на подрачјето на КО МАЖУЧИШТЕ во Општина Прилеп. С. МАЖУЧИШТЕ е ридско планинско село на надморска висина од 780.00 мнв во Општина Прилеп, која се наоѓа во североисточниот дел Пелагонискиот регион. Селото МАЖУЧИШТЕ, КО МАЖУЧИШТЕ се наоѓа јужно од градот Прилеп опкружено со атарите на селата Штавица од север, Кален и Крушевица од исток, Лопатица и Подмол од југ и Марул од запад. Предметната локација се наоѓа на јужно од Прилеп на 17,60 km, а пристапот е преку асфалтен и земјен пат. Во с. МАЖУЧИШТЕ се пристигнува преку Магистралниот пат А3 Прилеп-Битола, клучката кај Ново лагово и Регионалниот пат Р1107 Прилеп – Витолиште од кој се одделува делумно земјен пат, а во селото се влегува од североисток.
Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село МАЖУЧИШТЕ со разработка на блок 4, КО МАЖУЧИШТЕ, Општина Прилеп, со површина од 48,76 ха, е дефиниран со следните граници:
– на север границата се движи по северните граници на КП482/1, 472, 2443 (пат), 287/4, 287/1 и 288
– на исток границата ги сече КП222, 201, 200, 199 и 198, се движи по источната границата на КП197/2, ја сече КП290, се движи по источните граници на КП307, 310/2, 310/3, 314, ја сече КП322, потоа се движи по границите на КП323, 325, 326, 327, 339, 355/2, 356, 365, 366 (пат), 376, 377
– на југ границата ја сече КП2468/1 и КП2456/1 (пат)
– на запад границата се движи по КП1928/1, си сече границите на КП1987 (пат), 1887, 2456/1 (пат) и 404 ја сече КП453, се движи по границите на КП452, 451, 466/1, 469, па ја сече КП468, се движи по границите на КП471/4, 471/3, ги сече КП477, 478, 479, 481, 482/2, се движи по границата на КП 482/1.
Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО МАЖУЧИШТЕ СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 4, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Прилеп
Борче Јовчески