Се организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДАБНИЦА

Бр. ___________

од ___.___.2023 год.

Прилеп

 

 

Врз основа на член 35 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп донесе:

СООПШТЕНИЕ

Се организира јавна презентација и јавна анкета по предлог УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДАБНИЦА СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 4, ОПШТИНА ПРИЛЕП

Опис на планскиот опфат:

Планскиот опфат го опфаќа селото ДАБНИЦА, на подрачјето на КО ДАБНИЦА во Општина Прилеп. С. ДАБНИЦА е ридско планинско село на надморска висина од 780.00-680 мнв во Општина Прилеп, која се наоѓа во северниот дел од градот ПРИЛЕП.

 

Планскиот опфат за предметниот Урбанистички план за село ДАБНИЦА со разработка на БЛОК 4, КО ДАБНИЦА, Општина Прилеп, со површина од 16,38 ха, е дефиниран со следните граници:

– на север границата се движи по границите на КП318, од таму минува низ КП2397/1,КП253,КП2397/1, се движи по границата на КП320, КП321, КП322, КП323, КП324, КП325, КП326, КП327, КП328, скршнувајќи во правец кон исток од каде продолжува низ КП2402.

– на исток продолжува низ КП2402 од каде продолжува по КП227, КП2402, КП228 опкружувајќи ја од три страни, повторно по границите на КП2402, КП2401, КП229, минувајќи од три страни на парцелата, продолжува низКП2397/1, по границите на КП230, од каде повторно минува низ КП2397/1, па продолжува по границите на КП786, КП783/1, КП2401,КП781/1, КП787, КП788, движејќи се по нејзината источна и југо источна граница,од тука продолжува низ границите на КП2401, од каде продолжува низ КП762(Мал поток), од каде продолжува по границите на КП791, КП790,КП791, КП797,КП800, па минува низ КП738 па се спушта кон југ по нејзините граници.

– на југ границата продолжува по јужната граница на КП738, оттка се надоврзува на КП2407 движејќи се долж нејзината јужна граница.

– на запад продолжува низ КП731/1,КП2402, од каде во насока кон север, се движи долж западната граница на КП2404, скршнува по границите на КП625, КП628, КП629, КП630, КП631, низ КП2397/1, по границите на КП633, повторно минува низ КП2397/1,од каде се надоврзува по границите на КП634, КП2404, минувајќи низ истата, од каде проодолжува по границите на КП288, КП289, КП290,КП310,обиколувајќи ја од три страни, продолжува по границите на КП309, КП307, минува низ КП2397/1, од каде продолжува по границите на КП312, КП313, повторно минува низ КП2397/1, минува низ западната граница на КП317, минувајќи низ КП2397/1, каде се движи по дел од западната граница на КП318, каде што завршува и опфатот.

 

За конкретниот плански опфат, нема претходна планска документација.

Подрачјето на планскиот опфат е на територија на Општина Прилеп.

 

Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ДАБНИЦА СО РАЗРАБОТКА НА БЛОК 4, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп.

Јавната анкета ќе трае 8 работни денови од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 22.11.2023 година до 01.12.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.11.2023 година, понеделник во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

Градоначалник На Општина Прилеп

Борче Јовчески

 

_______________________