Се одржа редовната 34 седница на Советот на Општина Прилеп

На дневен ред на 34 –та седница на Советот на Општина Прилеп, советниците дебатираа, изнесувајќи свои ставови и мислења по предложените точки за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година по предлог кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за третот квартал од 2023 година.


Пред советниците, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески го презентираше „Планот на Развојни програми на Општина Прилеп за 2023-2025“, каде беа посочени значајни проекти за развој на Општина Прилеп во следните две години.
На седницата беа разгледани и усвоени тримесечните извештаи за финансиското работење, за период од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година, на: ЈКП ,,Водовод и канализација“- Прилеп, на ЈП за ПУП Прилеп, на ЈКП ,,Комуналец“- Прилеп, на ЈОУ ,,Киро Крстески-Платник’’- Прилеп и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Пазари“- Прилеп.

Советниците донесоа одлука и за утврдување и категоризација на општински патишта во Општина Прилеп и дадоа согласност за расходовање на електронски отпад на СОЕПТУ ,,Кузман Јосифоски Питу’’ Прилеп.