СЕ ОДРЖА 23-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Советниците денеска ја усвоија статутарната одлука за изменување на Статутот на Општина Прилеп како и правилникот по статутарната одлука за организирање и одржување на јавни трибини, анкети, предлози и форуми на заедницата во ЕЛС Општина Прилеп.
Советниците ги разгледаа и изгласаа и одлуките за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот квартал од 2022 година, предлог – годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година, предлог- Годишен извештај на Општина Прилеп за 2022 година и предлог – одлука за проширување на средствата на Буџетот на ЕЛС Општина Прилеп, за 2023 година.
На дневен ред пред советниците на 23-тата Седница на Советот на Општина Прилеп и со мнозинство гласови се изгласа и предлог-одлуката за давање согласност на годишен план за измена на годишниот план за вработување во 2023 година на ЈП за ПУП Прилеп и предлог-Одлуката за усвојување на Финансискиот план на ЈПЕД ЕНЕРГО ПРИЛЕП- Прилеп за 2023 година.

Предлог-Одлука за усвојување на Финансискиот план на ЈОУДГ,,Наша иднина’’ Прилеп, за 2023 година, Предлог-Социјален план на Општина Прилеп 2023-2026 како и Предлог-Одлука за утврдување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка и предлогот за потпишување Повелба за збратимување, пријателство и соработка на Општина Прилеп, Република Македонија и Општина Бајрампаша во Истанбул, Република Турција беа едногласно прифатени од советниците.
Советниците се согласија на одлуката за отпис на расипаните, дотраени и неупотребливи основни средства и ситен инвентар на ООУ ,,Добре Јованоски’’, ООУ ,,Блаже Конески’’-Прилеп, ЈОУДГ,,Наша иднина’’ и ги одобрија програмите за изведување на научно наставни – екскурзии во учебната 2022/2023 на основните училишта во Прилеп.
Од посебно значење за Општина Прилеп беше одлуката за започнување со активностите за редовно ажурирање на процената на загрозеност од сите ризици и опасности на Општина.
На редовната 23-та седница на Советот на Општина Прилеп беа поставувани и советнички прашања на кој пред советниците одговараше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и раководните структури на локалната самоуправа.