Се одобрува ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, поднесена со барање број 10-2764/1 од 10.11.2021 година

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕНА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО НАМЕНА 1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП. 2318, 2319, 2320, 2321, 2322, 2325, 2326, 2327, 2329/1, 2329/2 и КП. 2341 м.в. ,,Црна Земја,, КО ТОПОЛЧАНИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП со број 10-2764/3 од 15.11.2021 година од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-2737/1 од 10.11.2020 година и Решение за измена на Решението за форимрање на Комисиј за урбанизам на Општина Прилеп број 08-2737/1 од 10.11.2020 година со заверка број 08-2018/1 од 06.08.2021 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, поднесена со барање број 10-2764/1 од 10.11.2021 година и број на постапка 39214, за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕНА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО НАМЕНА 1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП. 2318, 2319, 2320, 2321, 2322, 2325, 2326, 2327, 2329/1, 2329/2 и КП. 2341 м.в. ,,Црна Земја,, КО ТОПОЛЧАНИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот  Друштво за просторни и урбанистички планови, проектирање, инжењеринг и др. УРБАНИЗАМ И АРХИТЕКТУРА-ЈЕРЧИЌ ДООЕЛ Битола,  до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со  Решение бр.08-2737/1 од 10.11.2020 година и Решение за измена на Решението за форимрање на Комисиј за урбанизам на Општина Прилеп број 08-2737/1 од 10.11.2020 година со заверка број 08-2018/1 од 06.08.2021 година, поднесе барање број 10-2764/1 од 10.11.2021 година и број на постапка 39214 за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕНА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО НАМЕНА 1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП. 2318, 2319, 2320, 2321, 2322, 2325, 2326, 2327, 2329/1, 2329/2 и КП. 2341 м.в. ,,Црна Земја,, КО ТОПОЛЧАНИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Предлог Проектна програма

Изработувачот на проектната документација изработи ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕНА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО НАМЕНА 1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП. 2318, 2319, 2320, 2321, 2322, 2325, 2326, 2327, 2329/1, 2329/2 и КП. 2341 м.в. ,,Црна Земја,, КО ТОПОЛЧАНИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП, и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

 

__________________

Resenie – Jrcic-Bitola              УП – ТОПОЛЧАНИ – ПЛАНСКА ПРОГРАМА