Се одобрува ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, поднесена со барање број 10-2082/1 од 12.08.2021 година и број на постапка 38483, за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 ВОДОВИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (за 10(20)kv кабелски вод и ТС 250 Kva) КО Плетвар – Општина Прилеп.

 

БР.10-2082/4

од  18.11.2021година

ПРИЛЕП

 

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 ВОДОВИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (за 10(20)kv кабелски вод и ТС 250 Kva) КО Плетвар – Општина Прилеп со број 10-2082/3 од 15.11.2021 година од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-2737/1 од 10.11.2020 година и Решение за измена на Решението за форимрање на Комисиј за урбанизам на Општина Прилеп број 08-2737/1 од 10.11.2020 година со заверка број 08-2018/1 од 06.08.2021 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 

РЕШЕНИЕ

Се одобрува ПРОЕКТНА ПРОГРАМА, поднесена со барање број 10-2082/1 од 12.08.2021 година и број на постапка 38483, за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 ВОДОВИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (за 10(20)kv кабелски вод и ТС 250 Kva) КО Плетвар – Општина Прилеп.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот  Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп,  до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со  Решение бр.08-2737/1 од 10.11.2020 година и Решение за измена на Решението за форимрање на Комисиј за урбанизам на Општина Прилеп број 08-2737/1 од 10.11.2020 година со заверка број 08-2018/1 од 06.08.2021 година, поднесе барање број 10-2082/1 од 12.08.2021 година и број на постапка 38483 за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА ЗА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 ВОДОВИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (за 10(20)kv кабелски вод и ТС 250 Kva) КО Плетвар – Општина.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Предлог Проектна програма

Изработувачот на проектната документација изработи ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.1 СООБРАЌАЈНИ ПАТНИ ИНФРАСТРУКТУРИ (сообраќаен пристап од постоен катастарски пат) и Е1.8 ВОДОВИ ЗА ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА (за 10(20)kv кабелски вод и ТС 250 Kva) КО Плетвар – Општина,  и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

 

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

Проектна програма за УП вон опфат на УП Е1.1 и Е1.8-Превземи

Resenie – Mike inzenering – Превземи