СЕ ОДОБРУВА ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ДУП 5.4.9

БР.10-410/3  од  15.02.2022 година  ПРИЛЕП

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на Планска програма за изработка на Детален урбанистички план за блок 5.4.9 утврден со регулациски план за гуп на град прилеп за четврт 5, блок 5.4, општина прилеп, од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, поднесена со барање број 10-410/1 од 04.02.2022 година, за изработка на Детален урбанистички план за блок 5.4.9 утврден со регулациски план за гуп на град прилеп за четврт 5, блок 5.4, Општина Прилеп.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Друштво за градежништво, трговија и проектирање ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп до Комисијата за урбанизам, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп поднесе барање за одобрување на Планска програма, со број 10-410/1 од 04.02.2022 година, за изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5.4.9 УТВРДЕН СО РЕГУЛАЦИСКИ ПЛАН ЗА ГУП НА ГРАД ПРИЛЕП ЗА ЧЕТВРТ 5, БЛОК 5.4, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Планска програма

Изработувачот на планската документација изработи Планска програма за  изработка на Детален урбанистички план за блок 5.4.9 утврден со регулациски план за гуп на град прилеп за четврт 5, блок 5.4, Општина Прилеп,  и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 44 став 7 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот на ова решение.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

                                                                            ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                               Борче Јовчески

2.PLANSKA PROGRAMA 10.2021

10-410-3 решение за одобрување на ПП од градоначалник 5.4.9

Записник втора работна седница ПТ 10.02.2022

Предлог за одобрување на ПП -ДУП5.4.9

Решение за одобрување на Планска програма за БЛОК5.4.9