Се одобрува Планска програма, поднесена со барање број 10-309/1 од 31.01.2022 година, за изработка на Детален урбанистички план за четврт 12, блок 12.4

БР.10-309/3  од  15.02.2022година  ПРИЛЕП

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на Планска програма за изработка на Детален урбанистички план за четврт 12, блок 12.4, Општина Прилеп, од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година) од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, го издава следното:

                                                            РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, поднесена со барање број 10-309/1 од 31.01.2022 година, за изработка на Детален урбанистички план за четврт 12, блок 12.4, Општина Прилеп.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 Барателот Друштво за градежништво, архитектура, проектирањ е, трговија и услуги МАТРИКС ПРОЕКТ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп до Комисијата за урбанизам, формирана со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп поднесе барање за одобрување на Планска програма, со број 10-309/1 од 31.01.2022година, за изработка на Детален урбанистички план за четврт 12, блок 12.4, Општина Прилеп.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Планска програма

Изработувачот на планската документација изработи Планска програма за  изработка на Детален урбанистички план за четврт 12, блок 12.4, Општина Прилеп,  и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 44 став 7 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

                                          УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

1 Урбанистички проект за Г.П. бр. 1.2, Корегиран(2)

10-309-3 решение за одобрување на ПП од градоначалник 12,4

10-691-5 Потврда за заверка

Planska programa (1)

Potvrda za zaverka 10-2149

Записник втора работна седница ПТ 10.02.2022

мислење – УП – Гладен Камен

Предлог за одобрување на ПП за ДУП 12.4

Решение за одобрување на Планска Програма ДУП 12.4