Решение за свикување на 4-та седница на Совет на Општина Прилеп

СВИКУВАМ 4-ра седница на Советот на Општина Прилеп на ден 15.11.2021 година (понеделник) со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Прилеп, со следниот предлог на:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1. Предлог-План на развојни програми на Општина Прилеп за 2022 година.
2. Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за трет квартал од 2021 година.
3. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, за период од 01.07.2021 година до 30.09.2021 година.
4. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Комуналец Прилеп за период од 01.07.2021 година до 30.09.2021 година.
5. Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп за период од 01.07.2021 година до 30.09.2021 година.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Совет на Општина Прилеп
Дејан Проданоски с.р.