СВИКУВАМ 4 – та седница на Советот на Општина Прилеп на ден 15.11.2017 година (среда) со почеток во 12 часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог-План на развојни програми на Општина Прилеп за 2018 година.
2. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надомест за уредување на градежно земјиште за изградба на објект на КП бр.743/8 КО Прилеп за заштита и чување на електронски податоци, на инвеститорот Министерство за внатрешни работи на Република Македонија.
3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2017 година.
4. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици за учебната 2017/2018 година во средните училишта во Општина Прилеп.
5. Предлог-Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици за учебната 2017/2018 година во основните општински училишта во Општина Прилеп.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Совет на Општина Прилеп
Миле Талевски с.р.