Врз основа на член 21 став 1 од Статутот на Општина Прилеп (“Службен гласник на Општина Прилеп” бр. 6/2003, 4/2005 и 11/2008) и член 7 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Приалеп (“Службен гласник на Општина Прилеп” 11/2004 година), претседавачот на Советот на Општина Прилеп, донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА 1-ВА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
СВИКУВАМ 1-ва КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА на новоизбраниот Совет на Општина Прилеп на ден 30.10.2017 година (понеделник) со почеток во 12,оо часот, со следниот предлог на:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Избор на Верификациона комисија (3 члена).
2. Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Прилеп.
3. Избор на Кандидациона комисија (5 члена).
4. Избор на Претседател на Советот на Општина Прилеп.
5. Избор на Комисија за мандатни прашања, избори и именувања (5 члена).
ПРЕТСЕДАВАЧ
на конститутивната седница
на Советот на Општина Прилеп
д-р Никола Димески, с.р