Решение за одобрување проектна програма

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект за изградба на објекти со намена E1.13-сончеви електрани -фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со број 10-1386/2 од 13.05.2022 година од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение за изменување на Решението за формиарње на Комисија за урбанизам бр.08-37/4 од 04.04.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува Проектна програма, поднесена со барање број 10-1386/1 од 06.05.2022 година и број на постапка 42679, за изработка на Урбанистички проект за изградба на објекти со намена E1.13-сончеви електрани -фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Трговско друштво за градежништво, промет и услуги Миле Стојкоски ГЕНИКО увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп,  до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение бр.08-37/4 од 04.04.2022 година, поднесе барање број 10-1386/1 од 06.05.2022 година и број на постапка 42679 за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект за изградба на објекти со намена E1.13-сончеви електрани -фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

 

  1. Предлог Проектна програма

Изработувачот на проектната документација изработи Проектна програма за израбнотка на Урбанистички проект за изградба на објекти со намена E1.13-сончеви електрани -фотоволтаици на КП 2901, КП 2902, КП 2903 и КП 2904, КО Варош, ОПШТИНА ПРИЛЕП,  и преку Комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

Решение за одобрување проектна програма

Предлог проектна програма 

Предлог ПП Варош

Е1.13 фотопанели