Решение за одобрување на проектна програма

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на линиски инфраструктурен објект – подземен 20kV кабел од границата на КО Големо Коњари 1, до постоечкиот челичен решеткаст поцинкуван столб на срднонапонски 10кV ДВ Славеј – Големо Коњари 1, КО Големо Коњари 1, општина Прилеп, со број 10-1387/2 од 13.06.2022 година од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение за изменување на Решението за формиарње на Комисија за урбанизам бр.08-37/4 од 04.04.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува Проектна програма, поднесена со барање број 10-1387/1 од 06.05.2022 година и број на постапка 42847, за изработка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на линиски инфраструктурен објект – подземен 20kV кабел од границата на КО Големо Коњари 1, до постоечкиот челичен решеткаст поцинкуван столб на срднонапонски 10кV ДВ Славеј – Големо Коњари 1, КО Големо Коњари 1, општина Прилеп

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот  Друштво за производство, трговија и градежништво ПРО-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ с.Жеровјане-Боговиње,  до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно со Решение бр.08-37/1 од 04.01.2022 година и Решение бр.08-37/4 од 04.04.2022 година, поднесе барање број 10-1387/1 од 06.05.2022 година и број на постапка 42847 за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на линиски инфраструктурен објект – подземен 20kV кабел од границата на КО Големо Коњари 1, до постоечкиот челичен решеткаст поцинкуван столб на срднонапонски 10кV ДВ Славеј – Големо Коњари 1, КО Големо Коњари 1, општина Прилеп.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

 

  1. Предлог Проектна програма

Изработувачот на проектната документација изработи Проектна програма за израбнотка на Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на линиски инфраструктурен објект – подземен 20kV кабел од границата на КО Големо Коњари 1, до постоечкиот челичен решеткаст поцинкуван столб на срднонапонски 10кV ДВ Славеј – Големо Коњари 1, КО Големо Коњари 1, општина Прилеп,  и преку Комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

ГРАДОНАЧАЛНИК

Борче Јовчески

Решение за одобрување ПП

Проектна програма-КО Големо Коњари

Решение за УП за кабел