Редовен состанок на Регионалните штабови за управување со кризи и за заштита и спасување

Раководителот на Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп и Овластеното лице од Директорот на ДЗС на регионалниот штаб за заштита и спасување – Прилеп во координација со општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани денеска одржаа редовен превентивен работен состанок со штабовите и претставниците од субјекти од системот за управување со кризи и за заштита и спасување.


На дневен ред беа неколку точки:
– Анализа на настанати ризици и опасности во изминатиот период со посебен осврт на причинетите штети од истите.
– Разгледување – проценување на евентуални опасности кои би можеле да настанат во наредниот период, а кои што би можеле да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните, а кои би биле предизивикани од елементарни и други непогоди, техничкотехнолошки катастрофи, епидемии на карантински и други заболувања кај луѓето и животните, како и деградација од поголем обем и уништување на животната средина со посебен осврт на : Заразни болести кај луѓето и животните и поплави предизвикани од поројни дождови проследени со луњи, снег и снежни наноси, екстремно ниски температури-ладни бранови и други опасности.
– Состојба на припременост на надлежните субјекти и начин на нивно функционирање во евентуална опасност од сите погоре споменати ризици и опасности.