Како градоначалник на општина Прилеп испраќам јасна порака и ги повикувам сите надлежни институции да постапат целосно според законот.
Да го расветлат случајот и да ги откријат причините, поради коишто избил пожар во викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески.
Да се разјасни и најмал сомнеж.
Личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремиме.
Градоначалник
Илија Јованоски