РЕАКЦИЈА НА ПРЕС НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на 12 години претходната локална власт во Прилеп, не реализираше ниту еден капитален проект.Дури ни пречистителната станица за 12 години не успеа да ја заврши, па требаше да дојде новата локална гарнитура на чело со градоначалникот Илија Јованоски, за да се отстранат пречките, и конечно објектот неодамна да биде ставен во функција.
За само неколку месеци од доаѓањето на новата локална власт и градоначалникот Јованоски, градот и граѓаните ефектуираа околу 20 милиони евра европски пари за решавање на проблемот со пречистителната станица, 10 милиони евра се инвестирани во „Дата центарот“, кој што е токму во Прилеп, 10 милиони евра се инвестираат во системот за заштита од поплави, поврзан со цела Пелагонија. Тоа се 40 милиони евра европски пари, кои влегуваат во Прилеп и Прилепско само за три големи проекти.
А, што се однесува до:
• стадионот „Гоце Делчев“, којшто власта на ВМРО-ДПМНЕ и претходниот градоначалник Марјан Ристески го оставија целосно руиниран;
• раскрчмениот млечен пазар во центарот на Прилеп,за што во тек е правна постапка поради основи на сомнение за крчмење на имотот;
• објектот на Друштвото за телесни инвалиди „Партизан“, за кој што Марјан Ристески има кривична пријава за „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“, поради склучениот договор за закуп без надоместок, со што ѝ предизвикал штета на Општина Прилеп во вид на изгубена добивка од закуп на објектите на ДТВ „Партизан“, во висина од 202.986 евра;
• објектот во населбата „Сточно пазариште“ за чија изградба се фрлени 12 милиони денари – народни пари,а којшто не ги исполнува на ниту еден начин стандардите за современо училиште …
Општина Прилеп работи на откривање на злоупотребите и санирање на штетите. Градоначалникот Јованоски вложува максимални напори со службите да го доведе во ред, инфраструктурниот хаос, токму поради децениското невложување во градот и населените места!
Токму поради тоа што, екслокалната власт и ексградоначалникот ниту за 12 години, за три мандати:
• не изградија нов театар,
• затоа што ја уништија салата „Македонија“,
• не го издигнаа спортот во градот …
Оваа локална власт вложува напор да ги реализира овие капитални објекти.
Но, оваа локална гарнитура не е на власт 12 години, како и претходната од ВМРО-ДПМНЕ, туку само 10 месеци.
По кој знае кој пат потенцираме, еве и овој пат! Јасни се криците на ОК на ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференции со неосновани критики, да „купува“ дневно-политички поени во време, кога и централната и локалната власт ги решаваат најголемите проблеми и прашања, колку за градот, толку и за државата.
Почитувани сограѓани,
Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски продолжуваат со своите активности за подобрување на квалитетот на животот во Прилеп. Пред нас е период, кога со ефектуирање на средства од ЕУ фондовите, ќе решиме низа децениски прашања и проблеми, а бенефитот ќе биде за сите нас.