РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ  

Да се прогласи природна непогода последното невреме проследено со град со големина на орев, што го зафати атарот на населените места: Мало Коњари, Големо Коњари, Кадино село и прилепската населба Варош. Оваа точка на дневен ред ќе биде ставена на следната 17 –та редовна седница на Советот на Општина Прилеп, со цел да им се помогне на жителите од овие населени места, чии што насади со тутун и градинарски култури како и посевите со жито, им се речиси 100 отсто уништени во невремето што го погоди овој дел од Прилепското поле,  а кое што жителите не го паметат со години.

Општина Прилеп итно формираше Комисија за проценка на штетите од оваа природна непогода. Граѓаните до Општината ги доставуваат барањата, а екипите секојдневно се мобилни на теренот, проценувајќи ги штетите.

Градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот, Миле Талевски, раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, Зоран Пачешкоски и претседателот на општинската комисија за проценка на штети, Жарко Северкоски веднаш излегоа на терен, се сретнаа со земјоделците.

Градоначалникот Јованоски им ги пренесе личните заложби, во Министерството за земјоделство, невремето да биде прогласено за елементарна непогода, со оглед на огромните материјални штети што ги трпат земјоделците.

Градоначалникот Јованоски и раководителот Пачешкоски им порачаа на земјоделците, дека штетите ќе им бидат признание и за нивите за кои што немаат имотен лист. За тоа треба да се дадат изјави кај нотар и од двајца сведоци.

Имајќи ги предвид реакциите на жителите од овие населени места, и нивните тврдења дека се уште не им се исплатени парите од отштетата за 2013 и други години пред тоа, за Општина Прилеп, политичките настапи со кои О.К. на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ќари дневно – политички поени се недолични и несериозни манипулации врз грбот и со маката на земјоделците.