Почитувани граѓани,
Општина Прилеп го поддржува објективното, точно, вистинито и навремено информирање на јавноста. Затоа ќе потсетиме, дека темата „Училиште во населбата Сточно пазариште“, ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја експлоатира по кој знае кој пат, најверојатно во отсуство на креативност во очи на претстојниот празник „Денот на независноста – 8 септември“,а во година кога Македонија сигурно чекори на патот кон НАТО и ЕУ.
Оттука да потсетиме и тоа дека, затекнатиот неизграден објект, т.н. училиште во оваа населба, може да се користи можеби најдобро за магацин. Зошто?
Затоа што, тоа и самите жители го бараа за време на изборната кампања за последните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира и денеска со граѓаните, кои барале да се изгради училиште на локација кај терминалот од ЈКП „Команалец“.
И затоа што:
-нема пристапен пат, изградено е во ливада, на 50 метри од речен канал, поголем ризик за ученици –нема,
-нема водовод, одвод, нема струја,
-просторот не е ограден,
-проектот е целосно згрешен,
-штетен, колку за Општината, толку и за граѓаните,
-не ги исполнува елементарните прописи за изградба на училиште,
-објектот затоа не е предаден од изведувачот!
Но, Општина Прилеп, изминативе 10 месеци од доаѓање на новата локална власт и градоначалникот Илија Јованоски, интензивно работи на отстранување на пречките, и наследените колку финансиски, толку и технички проблеми од претходната власт. И покрај тоа, тече процесот на инвестирање во сите сфери. Образованието како значаен сегмент е финансирано и со општински пари.
Од општинскиот буџет за реконструкција и санација на училишните објекти се оддвоени 20.6 милиони денари. Од нив 6 милиони денари се наменети за средните, а 14.600.000 денари за основните училишта.