РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ -ПРИЛЕП

Општина Прилеп ја известува јавноста дека Звонко Јованоски е дипломиран инженер по безбедност при работа со 240 ЕКТС кредити и согласно со сите критериуми и законските регулативи e вршител на должност директор на ЈКП „Комуналец“-Прилеп.

Според тоа, наводите од денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп се уште еден обид на партијата, повторно со невистини, шпекулации и спинови да ја дезинформира јавноста, за да ќари дневно-политички поени.

Опишаниот начин на работа во денешната прес конференција на Општинскиот комитет е својствен за ВМРО-ДПМНЕ, поради што се поведени и бројни кривични постапки во ОЈО – Прилеп и од СЈО.

Градоначалникот Илија Јованоски и новата локална власт работат на откривање на сите сомнителни и незаконски договори и работа на претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ.  И така ќе продолжат.

Доследна примена на законската регулатива е императив за новата локална власт и градоначалникот Јованоски.

Општина Прилеп